Нашата инфраструктура

Инфраструктура

Инфраструктура

Благодарение на долгодишното искуство и работење како и стратешките правилни одлуки во изминатите години денеска МОЛ Комуникации располага со повеќе од  700км оптичка мрежа на целата територија на С.Македонија.  Нашата оптичка мрежа ги поврзува сите поголеми градови во државата како и повеќето гранични премини со сите соседни држави.

Оптичката мрежа е изградена согласно сите прописи и закони и за поголемиот дел од мрежата имаме обезбедено целосна документација а за дел е во процедура.   На секоја делница од нашата оптичка мрежа поседуваме објекти за колокација на опремата на клиентите обезебдени со непрекинато напојување, климатизација и безбедносен мониторинг.  Оптичкиот кабел поставен во нашата оптичка инфраструктура е согласно G625D стандардот.  Одржувањето на целокупната мрежа покрај со наши сопствени екипи обучени за оптички кабли исто така соработуваме и со други компании со цел да одговориме навремено на времето на санација на било кој прекин.

Покрај веќе изградена мрежа постојано работиме на нејзина надградба и проширување но исто така секогаш сме достапни на барањата на клиентите.  Благодарение на искуството стекнато во развој на нашата мрежа можеме да одговориме на сите барања на клиентите за реализација на оптички мрежи за сопствени потреби на принципот клуч на рака од дизајн и припреми, изработка па се до обезбедување документација и дозволи.

Нашата национална оптичка мрежа:

Покрај оптичката мрежа МОЛ Комуникации поседува и безжична мрежа на повеќе точки во главниот град Скопје како и во повеќе други градови ширум С.Македонија.   Во минатото кога компанијата работеше како национален интернет сервис провајдер поседуваше и национална безжична рбетна мрежа од која дел сеуште се користи и е на располагање на клиентите на МОЛ комуникации.  Безжичната мрежа согласно трендовите постојано се надградува и континуриано настојуваме да одржиме чекор со најновие технологии и трендови.   Се разбира покрај искористување на безжичната мрежа на МОЛ комуникации компанијата исто така стои на располагање на сите потенцијални клиени кој имаат потреба од развој на овој вид телекомуникациска инфраструктура за сопствени потреби.

МОЛ комуникации својата серверска и рутерска инфраструктура ја има колоцирано на неколку локации.  Едната локација е на адресата на седиштето на компанијата, втораа е во дата центарот на АКТОН, Скопје а третата е во Франкфурт, Германија.  Причината за ваквата распространетост е со цел да се добие независност и заштита на функционирањето на инфраструктурата како и да се обезбеди можност за реализација на  барањата на клиентите.

 

Оптичка инфраструктура

Години искуство

Услужени деловни клиенти

Тука сме за Вас!

Локација

Благој Давков 3, л2
1000 Скопје, С.Македонија

Работно време

Пон-Пет: 9am – 16pm
Саб-Нед: Неработно

Поддршка 24/7: Email: support@mol.com.mk

Побарајте не

+389 (078) 24 55 51